28.04.2026

Средствата од ИПАРД програма повторно ставени на располагање на земјоделците, лагите на СДС по кој знае кој пат демантирани

Земјоделците повторно ќе можат да ги користат финансиските средства од ИПАРД програмата.

Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, навремено реагираше и го активираше националниот механизам, поврзан со случајот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците, побарано беше од Брисел да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка врз институциите и земјоделците.

Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската Комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира.

Да разјасниме за јавноста дека Брисел никогаш не ги блокираше средствата, како што опозицијата предводена од СДС ги лажеше земјоделците.

Наместо лаги и шпекулации, ние се фокусиравме на транспарентност, соработка со европските институции и заштеда на средствата на земјоделците.

Ова е само уште еден доказ и демант за лагите на СДС кои секојдневно ги шири во јавноста.