Додека се обидуваат да создадат слика за „изолација“, во СДС целосно го игнорираат она што е суштината: Македонија конечно има јасна, државничка позиција дека нема повеќе отстапки без гаранции.
Ова е лекција научена од 30 години погрешна политика.
Не може секоја нова фаза од европскиот пат да значи ново понижување, нов услов, нова уцена.
Европа не е тоа.
Затоа денес позицијата е јасна: уставни измени без гаранции и предвидливост, нема да има.
Тоа што СДС го нарекува „блокада“, всушност е прв обид државата да постави правила во процес што со години беше еднострано диктиран.
А вистинската тема од која СДС бега е друга:
1. Зошто по толку „историски договори“ Македонија сè уште е заглавена?
2. Зошто нивната политика не донесе предвидлив европски пат?
3. Зошто граѓаните не видоа резултати?
Одговорот е непријатен за нив и затоа го избегнуваат.
Само Македонија е ставена во позиција да преговара за идентитетски прашања надвор од Копенхашките критериуми.
Само Македонија има процес што постојано се менува во тек.
Само Македонија нема јасна временска рамка.
И токму затоа се бараат гаранции. Не за политички поени, туку за државата.








