Почитувани,
СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите.
Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули.
СДС и Филипче, овој фокус којшто го имаат во изборниот процес во Унгарија, треба да го посветат во партијата, и да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, сегашни функционери се дистанцираат и водат поинаква политика од лојалистите на Заев, предводени од Филипче.
СДС и Филипче, исто така наместо да ликуваат на победата на Маѓар во Унгарија, кој патем доаѓа од партијата која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, треба да си се запрашаат зошто само 60тина проценти од делегатите им дојдоа на конгресот?
Исто така, СДС и Филипче, кои толку многу се занимаваат со изборниот резултат во Унгарија, треба да кажат, дали нивната сестринска партија која освои 1% од гласовите, им е репер и дали сакаат и тие да стигнат до тоа ниво?
Со овие антидржавни политики, кои се синоним на политиките на Заев, СДС и Филипче ќе станат маргинална партија.










