20.12.2025

Петрушевски: Апасиев е гласен само кога му одговара па преку фејсбук статуси се обидува да го прикрие своето лицемерие

Апасиев денес пишувал за „дно“, „олоши“ и, замислете, за морал.

Истиот тој Апасиев кој со години, без трошка човечност, ја користеше секоја сообраќајна несреќа, секоја трагедија и секоја човечка загуба за најниска дневнополитичка пресметка.

Истиот тој Апасиев кој без трунка емпатија лепеше етикети, делеше навреди и пресуди, и охрабруваше јавни линчувања.

Денес, кога станува збор за негов пратеник, одеднаш бара „тишина“, „разбирање“ и „неполитизирање“.

Не може Апасиев, кој со години ја хранеше јавноста со омраза и осуди без факти, да се претставува како жртва на сопствените методи.

Институциите мора да си ја завршат својата работа без селективност и без притисоци.

Но јавноста има право да види и кој е принципиелен, а кој е гласен само кога му одговара.

Апасиев не е жртва на политичка хајка.

Апасиев е заложник на сопственото лицемерие.

А лицемерието не се брише со навредлив Фејсбук статус.

Тоа се гледа и се памети.


Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/14T573udvE7/?mibextid=wwXIfr