На СДС им се истрошија измислените теми, па затоа како што велат и самите ‘со полна пареа’, почнаа да гуглаат кој бил најголем лажго.
Разбираме дека секој тргнува од себе и сопствените навики, па оттаму и ваквите асоцијации, но очигледно веќе не ни читаат што праќаат.
Откако ја открија вештачката интелигенција, ја користат исклучиво за масовно продуцирање соопштенија, за да го полнат сајтот на партијата кој до неодамна беше празен затоа што ги немаше ‘новите кадри’ на Филипче да излегуваат во јавност и да се самопромовираат како нова енергија.
Сега откако ја надминаа таа фаза, на сајтот на СДС можат да се најдат анализи од секаков тип, на пример денес анализираат дела од жанрот измислица.








