20.12.2025

(ВИДЕО) Ги повикуваме СДС и Филипче, да организираат протести против про српските ставови на Заев

Какви и анкети да прават, епилогот за СДС е ист и се сведува на реченицата – Угоре високо удолу длабоко. Апелираме да го наштелуваат чатботот од Белград, што им ги пишува соопштенијавa и да го направат да престане да ја следи логиката на Заев затоа што никој не им ги разбира веќе реакциите и народ се чуди како е возможно вакви глупости да објавуваат и ваква пропаст да се случи на таа партија. Наравоучение, дури и за вештачка интелигенција да ти помага мора да имаш сопствена интелигенција која ќе ја навигира соодветно. Не е доволно само пари да имаш.

И од причина што се толку оптеретени со Вучиќ, им го пуштаме клипчево кај што нивниот реален лидер Заев кажува што мисли за Вучиќ и ги повикуваме да организираат протести против про српските ставови на Заев.

(ВИДЕО) https://www.swisstransfer.com/d/c659a03b-2452-4e58-8d12-232dd005ead3

И ги прашуваме, дали е точно дека тогаш Филипче бил највозбуден и најсреќен кога Заев се виде со Вучиќ за вакцините и го фалеше како да е мало божество?

Ваквата шизофренија на СДС и менувањето на ставови, немањето конзистентност и лупетањето на глупости, колку само да имаат некое соопштение или реакција, е на ниво на патологија и тука за жал колку и да сакаме и да е потребно на Македонија да има здрава опозиција, едноставно не може да им се помогне.