05.09.2025

Кирков: Уште колку животни треба да угинат за институциите да постапат и направат целосен преглед во ЗОО Скопје?  

Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност.

Кога сите скопјани ги одбројуваат последните денови од владеењето на оваа најлоша  локална власт во историјата на Град Скопје и најнеспособна и кога мислевме дека до тука беше со уништувањето на градот и јавните претпријатија, денес се соочуваме со уште еден голем инцидент.

Во установата зад мене која можеме да ја видиме, владее општи хаос. Таа е препознатлива како куќата на стравот, но зад вратите од јавноста на оваа установа се случуваат инциденти кои пробуваат да се сокријат.

Пред скоро месец и половина починаа три лами од една ноазна болест туберколоза а кај останати две исто така се детектира оваа болест која знае да е пренослива од животно на животно од човек на човек и сето тоа замислете проба да се сокрие од јавноста, но по допред глас од мене и по моја пријава во Агенцијата за храна и ветерина сето тоа беше набрзина откриено и обелоденото со опомена за установата и казни за директорот . Пред само 3 дена во Скопје ЗОО почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој според нашите сознанија по извршениот паталошкиот наод се појавува повторно оваа инфекција туберколоза од истиот тип како и кај ламите.

Од тука се прашуваме , колку животни погинаа од оваа болест и епидемија која очигледно ја има во Скопската Зоолошка градина, уште колку животни се болни и дали сето ова преставува голема опасност за посетителите но и за вработените во оваа установа?

Апелираме веднаш институциите да направат координативно тело и да се направи целосен преглед во оваа установа, доколку е потребно и времено да се затвори се додека не се осигураме дека сите животни се здрави и додека безбедноста во оваа установа за посетителите и вработените е загарантирана.

Како советник во Градот Скопје размислувам да иницирам барање за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје со една единствена точка на дневниот ред а тоа ќе биде ситуацијата со епидемијата во Скопска Зоолошка Градина но и барање одговорност од менаџментот, седница на која ќе побарам од службите на градот да се обебеди присуство конечно на директорот на оваа установа како и на градоначалничката Данела Арсовска како негов претпоставен.

Како советник во Градот побарав информации од јавен карактер од оваа установа за што бројката на погинати животни го добив одговорот дека изнесува некаде 30тина за три ипол години, но според моите информации, информациите кои јас ги имам овие бројки се навистина и дупло повеќе.

Сето ова на седница на Советот јавно ќе го обелоденам, детално прецизно како би јавноста имала увид се што се случува во оваа установа наречена Зоолошка градина.