05.09.2025

Петрушевски: ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите

Почитувани,

ЈО да не молчи, истрага за следењето и  прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите.

ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се?

СДС ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт.

5 години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок на власт.

Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчo Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори.