21.07.2025

Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Почитувани,

СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните. 

СДС и Венко Филипче имаат намера со ветување за распродавање на националните интереси да дојдат на власт.

Силната брана за нивните намери е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Микцоски, и затоа се сите напади во изминатиов период, но и нападите со лаги и фабрикации кои ќе следат, намерата е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.

Почитувани,

Секогаш целта заради која се распродаваат националните интереси се пари.

Да потсетиме СДС е партијата која зад промената на името го сокри милионскиот и колосален грабеж на државата.

Венко Филипче и семејството Заеви добија, но Македонија изгуби.

Така и овој пат, СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарските интереси, а за возврат чекаат милионски зделки.

СДС и Венко Филипче прават се исклучиво од личен интерес, а државата и нејзините интереси ги претвораат во средство.

Ги повикуваме граѓаните будно да ги следат случувањата, зошто јасно ќе препознаат се од ова што кажавме.