21.07.2025

СДС и Филипче се бугарскиот ас на Радев

СДС и Филипче се бугарскиот ас на Радев.
СДС поддржува бугарска пропаганда која негира македонски вредности.

На СДС и Филипче ваквото однесување им служи за лични бизнис интереси во Софија.

СДС која со државата се однесуваше како да е на распродажба, продолжува да креира лаги, шири дезинформации и да се обидува да манипулира со јавноста.

Нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се доказ за нивниот очај.

СДС посветено ја врши својата улога на извршител на бугарските барања.

Јавно достапните информации потврдуваат дека токму одредени кругови во СДС и лица блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски пари.

И тоа се прави со единствена цел, платените експоненти во СДС и лица блиски до нив оркестрирано да измислуваат и шират лаги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е симбол на предавства и понижување на македонскиот народ.

Празните соопштенија нема да го избришат срамот кој СДС го нанесе на секој еден граѓанин во Македонија.

СДС прифаќаше секакви услови само за свои лукративни цели.

ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на македонските интереси и својот народ.