21.07.2025

СДС секојдневно вади некакви соопштенија кои немаат врска со реалност, бројот на асистенти за дечиња со попреченост од септември најголем досега


СДС секојдневно пишуваат празни соопштенија, а денес повторно говорат за образованието, небаре го препородија па сега нешто не чини.

За појаснување, од новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата, чекор кон поголема инклузивност во образованието.

Ангажирањето е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДС. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно.

СДС постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција.

Затоа го молиме СДС, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува истото.