16.07.2025

Додека Данела Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и слугува на ДУИ и СДС, половина Скопје нема вода

Додека Данела Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и слугува на ДУИ и СДС половина Скопје нема вода.

Додека Арсовска не може да стане од скутот на ДУИ и СДС, ЈП Водовод праќа соопштенија дека граѓаните треба да пијат помалку вода, затоа што е лето и најверојатно сите пијат повеќе.

Жално е до кое дереџе го донесе Данела Арсовска градот.

Веруваме дека на Арсовска и е удобно прегратките на ДУИ и СДС, каде треба да одработува секакви работи, само не тоа што и е работа, но доколку 4 години се позанимаваше со водоводната мрежа, и со обновување на истата не само што ќе немаше проблем со притисокот, туку и големи загуби кои ги има сега, немаше да ги има.