Од причина што Кузеска последниве 8 години збор не кажа за лошите, катастрофални политики и предавства, за корупцијата на дрим тимот по корупција на СДС и ДУИ, рушењето на институциите и општата пљачка и бахатост која нејзините претпоставени ја промовираа и стана заштитен знак за нив, и истовремено заради фактот што според Кузеска ние сме неспособни, од што се заклучува, и значи дека Филипче, Заев, Груби, Маричиќ, Ковачевски, Ахмети, Зечевиќ, Спасовски се способни, ние немаме што да ѝ одговориме.
Толку од одговорот. Толку и од кредибилноста на портпаролката на најкорумпираниот дрим тим на Балканот и во Европа. Кузеска е неразделен дел од тој дрим тим на СДС и ДУИ и очигледно се гордее со тоа штом вака без срам излегува на пресови за кои не знаеме што е полошо, дали верува или не верува во тоа што го зборува. Друго немаме да кажеме.