Измислиците на СДС за патот Кичево-Охрид се навистина безобразни.
Најкриминалниот договор во историјата го направија они заедно со ДУИ, кадешто како држава потрошивме стотици милиони евра, а не беше изграден ниту еден километар пат.
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се виде разликата. Покрај Кичево-Охрид, готови се Охрид-Св.Наум, Гевгелија-Богданци, Страцин-Крива Паланка, Градско-Фариш, а се градат уште 4 автопати истовремено.
Ние не играме со бројки туку со дела. Автопатот Скопје-Охрид ќе биде готов 2026 година.