Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и превземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше земјоделски институт и ја пресмета производствената цена.
На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп.
Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни.
Сега имаме рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм.
Ова се должи благодарение на максималните напори во водостапнството. Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми.
Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме!