Почитувани,
СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици.
Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДС.
На повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.
Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор.
Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор.
И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата.
Повикуваме на одговорен пристап на СДС, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема.
Една година потоа, државата има функционални авиони, пилоти, и приспособени воени и полициски возила за гаснење на пожари.
Народот ја гледа разликата.