11.07.2025

Петрушевски: Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и во тоа успеваат, а СДС се сити и фаќа политички поени

Почитувани,

Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и во тоа успеваат, а СДС се сити и фаќа политички поени.

СДС и Филипче го критикуваат претседателот Мицкоски за несправување со пожарите, а градоначалник од нивните редови во Крива Паланка јавно се заблагодарува за успешната и брза реакција на надлежните институции.

Сепак, СДС и Филипче не бираат зборови за критика кога е во прашање работата на надлежните институции за борбата против пожарите. Иако за голем дел од пожарите има и осомничени кои намерно направиле пожари, СДС и Филипче се ситат на маката на народот.

И оваа критика, која не е аргументирана која ја говорат колку да им помине дневно-политичката порака, се урна како кула од карти, кога градоначалникот на Крива Паланка, јавно се заблагодари на претседателот Мицкоски за успешното гасење на пожарот во Лозаново.

Сега кој е во право, СДС и Филипче кои само критикуваат, или пак градоначалникот на Крива Паланка кој бил таму на терен и заедно со надлежните институции го ставиле пожарот под контрола, за кој Сашко Митовски, сам јавно на социјалните мрежи му се заблагодари на претседателот Мицкоски.

Ова е јасен показател дека во СДС владее паника и хаос во пресрет на локалните избори, знаејќи дека ќе имаат историски најлош резултат, па со сите механизми напаѓаат кон власта.

Во овој момент, има активни 7 пожари, а останатите се или изгасени или под контрола.

За разлика од минатите 7 години власт на СДС, сега веднаш се реагира на терен. Не се оди по плажи и хотели во Грција додека Македонија гори, туку се работи и менаџира.