Се сретнавме со претставници на дел од угостителскиот сектор од Скопје, важна алка од економијата и секојдневието на нашиот град.
Разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат, од административни процедури, со посебен осврт на безбедноста на посетителите.
Заедно разгледавме конкретни решенија за унапредување на условите за работа, развој на урбаниот туризам и подобрување на услугите кон граѓаните и посетителите на Скопје.
За првпат досега, веднаш по завршувањето на локалните избори ќе назначам советник за угостителскиот сектор кој ќе произлезе токму од нив, преку меѓусебен договор.
Угостителите се двигатели на живата атмосфера во нашиот град.
Ќе продолжиме со соработка, затоа што само заедно можеме да градиме модерен, економски стабилен и гостопримлив главен град.
Најдоброто за Скопје допрва доаѓа.Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/16uiSCSyhW/?mibextid=wwXIfr