Почитувани,
СДС за кандидат за градоначалник на Могила кандидира докажан губитник.
Кандидатот за градоначалник на Могила, кој го предлага СДС, е човек кој беше директор на ЈКП Пела Хигиена Могила, и го остави претпријатието со милионски долгови и без исплата на плати за вработените, што е недозволиво за личност која сака да раководи со локалната самоуправа.
Во време на неговиот мандат како директор, против него беше поднесена кривична пријава од тогашната градоначалничка, што дополнително го доведува во прашање неговиот професионален и етички кредибилитет.
Исто така, неговото раководење во Јавното Претпријатие Национални шуми – подружница Битола, како и раководењето на неговите колеги, е под истрага, што уште повеќе ја загрижува јавноста.
Овој факт не може да се игнорира и е доказ за недостаток на капацитет и одговорност.
Дополнително, пред неколку години кога откупуваше земјоделски производи како домати, пипер и пченица, остана должен на голем број жители кои макотрпно ги произведувале овие производи и кои чесно очекуваа да бидат исплатени за својот труд. Овие факти ги поткопуваат темелите на довербата што треба да постои помеѓу локалната власт и жителите.
Поразот што го имаше од 3:1 на последните парламентарни избори во Могила како лидер на СДС јасно говори кој ќе биде победник на следните локални избори.
Жителите на Могила заслужуваат градоначалник кој ја води општината со чесност, транспарентност и грижа за секој жител. Не смееме да дозволиме минатите грешки да се повторуваат и да ја загрозуваат иднината на нашата општина.
Само со одговорна и посветена локална власт заедно со централната власт можеме да ги градиме темелите на промените на Општина Могила и Македонија.