Мартин Костовски, Марјан Даскаловски и Горан Герасимовски не можат да бидат иднина, само минато.
Мартин Костовски како пратеник беше извршител на сите наредби на Заев и Ковачевски, тој ги гласаше сите штетни договори и ја уназади државата. Куманово не смее да падне во рацете на Костовски.
Марјан Даскаловски е човекот кој е десна рака на Заев за изборен криминал и корупција во Струмица. Со Даскаловски ќе остане пашалак на Заеви и Филипче.
Горан Герасимовски кој аздисано троши народни пари, плаќа скапи адвокати и фрла пари на гориво со налози без основни податоци, на општина Центар гледа како на приватна ризница.
И Костовски и Даскаловски и Герасимовски се продолжената рака на Заев и Филипче.
Сите тројца се луѓе на врвот на СДС, а не на народот.
Граѓаните одамна ги прочитаа луѓето како Костовски, Даскаловски и Герасимовски и на претстојните избори ќе ги казнат.