06.07.2025

СДС ја уништи надежта кај младите, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа со конкретни чекори

СДС кога зборува за младите и семејството им тече мед и млеко од уста, а до пред само 1 година беа власт и оние 600 илјади иселени не ги вратија.

Ја укинаа помошта за купи куќа за млади, не помогнаа со ниту еден проект да го зголемат фертилитетот во државата, ниту пак создадоа услови.

Граѓаните не видоа надеж во нивното владеење бидејќи по министерствата се играше фудбал, се купуваа молови во центарот на градот од луѓњ блиски до власта, синови и ќерки на функционери зимаа стипендии за учење во странство, а корупцијата и криминалот цветаа.

ВМРО-ДПМНЕ планира конкретни мерки и чекори. Се врати поддршката за купи куќа за млади, се поддржуваат земјоделците и животот на село, се финансираат млади луѓе за стартап бизниси, општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ финансиски поддржуваат за прво, второ и трето дете, се зголемуваат платите, но најважно од се, се враќа надежта.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на демографијата и тука не запираме! Ги градиме темелите на промените! Доаѓа времето на Македонија!