06.07.2025

Небулозно е СДС да говори за странски инвестиции кога народот го оставија со 150 денари на ден, буџетската каса празна и државата на раб на банкрот

По 7 години владеење на СДС системот беше руиниран, институциите нефункционални а буџетската каса опустошена. СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.

СДС го остави народот со празни џебови на раб на сиромаштија 600 000 наши сограѓани живееа со помалку од 150 денари на ден додека блиските и врхушката на СДС профитираа брз грбот на граѓаните и ги прошируваа фамилијарните бизниси.

Апсурд е СДС денес да говори за економија, бидејќи тие се истите кои го уништија животниот стандард, кои инфлацијата ја донесоа над 20%, кои го задолжија народот – јавниот долг во нивно време беше 65% од БДП.

Лицемерно е СДС да говори за инвестиции и економија кога во нивно време државата дојде на раб на банкрот, платите доцнеа или не се исплаќаа со месеци за разлика од денес кога платите се добиваат на време, а Македонија е 4-та економија во Европа.

Денес имаме рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра. Се градат автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра, се отвораат нови фабрики и нови работни места.

Истовремено Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги зголеми за 5 000 денари, зголемени плати во образование, здравство, МВР.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните.