На денешната трибина на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“ се обрати Илија Стоилев претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и директор на АФПЗРР кој на самиот почеток истакна дека со преземањето на функцијата како директор се наследило состојба во која имало преку една милијарда денари заостанати субвенции.
„Затекнавме една ситуација, една состојба каде што преку една милијарда денари имаше заостанати субвенции што требаше да се исплатат, но Владата го препозна тој проблем и едноставно испрати силна порака кон земјоделците со алоцирање на средства за исплата на субвенции. Покажа и испрати силна порака дека нема да ги заборави земјоделците туку ќе им биде најголем поддржувач и тоа така после една година се покажа во реалноста дека навистина се случува“, рече Стоилев.
Стоилев потенцираше дека во 2024 година биле исплатени рекордни 8 милијарди и 400 милиони денари субвенции кој претставуваат 85% реализација на програмата за земјоделство.
„Во 2024 година ја завршивме годината со рекордна исплата на субвенции и историски во една календарска година со исплатени 8 милијарди и 400 милиони денари, ќе мора да споменеме дека до ден денешен се исплатени 9 милијарди 710 милиони денари што е извонреден процент и можам да кажам дека со оглед на оваа календарска година може да се пофалиме дека од прилика околу 85% имаме реализација на програмата за земјоделство и развој за 2024 година“, посочи Стоилев.
На крај Стоилев истакна дека со преземањето на функцијата наследиле неисплатени средства по основ на продадено и произведено млеко од 16 месеци задоцнување.
„Исплативме огромни средства за увезен педигриран добиток во вредност од 165 милиони денари со што значително ќе се подобри генетскиот потенцијал во Република Македонија и ќе се зголеми производството на млеко. Кога ја преземавме функцијата директор наследивме неисплатени средства по основ на предадено и произведено млеко во млекарниците од 16 месеци задоцнување и си дадовме задача да во еден краток период таа неправда која е направена спрема сточарите ја исправиме и во краток период исплативме 17 милиони евра по основ на предадено производено млеко. Со тоа се гледа дека водиме сметка за сточарите затоа што нашите претходници едноставно не го разбирале сточарството како сектор како гранка. Бидејќи не го разбирале сточарството се случи да минатата година во Република Грција заврши огромна количина на јачменот кој требаше да биде наменет за сточниот фонд во Република Македонија“, дециден е Стоилев.