30.06.2025

Пешевски: СДС се безидејни и прочитани, по 4ти пат кандидираат ист човек кој губи во Лозово

Почитувани,

Факт е дека СДС се без идејни и без кадри бидејќи по четврти пат во Општина Лозово како кандидат за градоначалник го предлага Ацо Велковски. Замислете веќе 12 години во Општина Лозово упорно нудат кадар, кој веќе има доживеано два порази на локални избори.

Венко Филипче и СДС да одговорат дали пред да го предложат Ацо Велковски за кандидат за градоначалник знаеле дека истиот е осудено лице за повеќе кривични дела и тоа:

·       За несовесно работење во службата од страна на Основен суд Свети Николе му е изречена ефективна казна затвор со времетраење од 1 година и 6 месеци;

·       За проневера во службата правосилна судска пресуда – казна затвор со времетраење од 8 месеци – заменета со алтернативна мерка условна осуда;

·       За неовластено навлегување во компјутерски систем правосилна судска пресуда – казна затвор со времетраење од 3 месеци – заменета со алтернативна мерка условна пресуда.

СДС да одговори каква порака испраќа до гласачите со предлагање на вакви кадри!

Жителите на општина Лозово се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор! Граѓаните ќе ги казнат Ацо Велковски и СДС во Лозово по трет пат и нема да дозволат општината да се врати во времето на скандали кога се бркаа бремени жени од работа, кога се изживуваше врз вработени во општинската администрација и во времето кога на незаконски организирани лотарии без лажи и превари се доделуваа шпорети.

 Наспроти старите и истрошени кадри на СДС, ВМРО-ДПМНЕ нуди кадри, докажани во своите професии.

ВМРО-ДПМНЕ нуди развој, просперитет и работа.