СДС демонстрираше пример за коленичење, не само за отстапки за коалициски интереси туку и во однос на поткопување на правдата.
СДС молчеше пред очигледни случаи на корупција, клиентелизам и злоупотреба на државните ресурси од страна на ДУИ.
СДС знаејќи дека за нив е важно да ја зачуваат власта, без разлика на се, избра стратегија на молчење и попустливост, и буквално ги игнорираа сите криминали.
СДС молчеа и за Груби само за да бидат на власт ден повеќе.
Коленичењето е белег на СДС. Скандалите со злоупотреба на позициите се белег на СДС.
СДС наместо да го штити интересот на народот тие постојано избираа да си го заштитат коалицискиот комфор и апсолутно се покорија на ДУИ.
СДС свесно ги затвораше очите за криминалите на ДУИ.
По кој основ зборуваат сега? Владеењето преку коалиција со ДУИ не е пример за правна легитимност.
Ако навистина се грижеа за правдата, требаше да постават било какви стандарди за коалициските партнери, требаше да ги повикаат институциите да истражат сомнежи за криминал.
Ама СДС се задоволуваа со тендери и го избегнуваа секој предизвик за реална одговорност.