Кога Венко Филипче се обидува да креира дефокус од легитимните теми за неговиот веројатен втор пасош, јавноста веднаш го препознава стариот модел – манипулација, избегнување одговорност и прикривање на вистината.
Наместо јасно да одговори дали поседува пасош од друга држава, Филипче избега од прашањето и се фрли на спинови. Но токму тоа молчење само ги зацврстува сомнежите.
Во сериозна држава, лидер на политичка партија не смее да има недефинирана лојалност.
За која држава работи Венко Филипче – за онаа што му дала еден, или за онаа што му дала втор пасош? И зошто не одговара директно?
Одговорот е очигледен: Филипче е лојален само на парите, на криминалот на Заеви, и на интересите на групата што ја урна Македонија.
Тој не е реформатор, туку симбол на времето кога Македонија беше понижена и ограбена.
Филипче беше дел од структурата што:
– Го излажа народот дека сме добиле датум за преговори,
– Тврдеше дека Бугарите се само администратори,
– Ја продаде државата додека глумеше дека ја брани,
– Го остави здравството во хаос и под сомнителни тендери,
– Изгуби милиони евра европски пари кои денес се гледаат во патишта, водоводи и реални проекти.
Ако нешто е јасно, тоа е дека со Венко Филипче и СДС, Македонија повторно би се вратила во времето на лаги, клиентелизам и политичка проституција со сопствените национални интереси.
Денес, кога државата конечно се движи напред, кога секое евро од ЕУ е насочено кон проекти наместо кон приватни џебови, Филипче зборува за лојалност и европски вредности?
Граѓаните добро знаат: Човекот што го носеше белиот мантил додека го носеше црниот политички багаж на Заев е последниот што има право да говори за вистина, реформи и патриотизам.