ВМРО-ДПМНЕ им го честита Богојавление – Водици на сите Православни Христијани.
Денеска пред се ја славиме љубовта која Бог ја покажал кон човештвото и правецот кој ни го дал, нека таа љубов и тој правец бидат водилки кои ќе не водат низ нашите животи и делување.
Со Божјата љубов и поткрепа нека се отворат нови хоризонти за Македонија и општествен просперитет.
Да се сплотиме околу вистинските вредности и да покажеме дека го разбираме учењето на нашиот Господ Исус Христос, создавајќи општество подобро за сите.
За многу години Богојавление! Бог се јави!