Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода.
Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини?
Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени.
Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил.
Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.
Доколку Министерството располагало со вакви информации, зошто јавноста не била информирана? Кој одлучил овие наоди да не бидат јавно презентирани? Кој ќе ја понесе одговорноста доколку имало институционални пропусти?
Очекуваме надлежните институции да ги разгледаат сите околности, да утврдат дали имало пропусти во постапувањето и, доколку се утврди одговорност, таа да биде соодветно санкционирана.
Граѓаните заслужуваат отчетност од сите, без разлика дали се на власт или во опозиција.








