01.11.2026

Антимакедонците СДС и Филипче шират хистерија и посакуваат сценарија на нестабилност во Македонија

Антимакедонците СДС и Венко Филипче повторно во акција.

Тие се што прават и зборуваат единствено е насочено против државата, мислат дека на тој начин ќе добијат ситни и бедни политички поени.

Состојбите со банкарскиот систем и банките во соседството немаат никаква врска со банкарскиот систем во Македонија.

Македонската банка е самостоен правен субјект кој функционира во согласност со македонските регулативи и законодавство.

Најголеми мајстори за загрозување на банкарскиот систем, е антимакедонската СДС. Во нивно време пропаднаа Еуростандард банка и ТАТ, кои го загрозија банкарскиот систем, создадоа недоверба на граѓаните и ги оштетија штедачите.

Во однос на ситуациите во соседството и поширокиот регион, за кои навиваат и ги посакуваат и кај нас да се случат, антимакедонските СДС, Венко Филипче, а и мали Фрчко, им порачуваме: залудно сонуваат немири и нестабилност.

Тој филм нема да го гледаат.

Наспроти немирите и неизвесностите кои ги гледаме во најблиските земји во регионот, како во Албанија и пошироко во најразвиените земји од ЕУ, Франција, Германија, Македонија останува во стабилна состојба и државните институции ќе направат се мирот и стабилноста да продолжат.