Инсталациите на Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети во правосудниот систем повторно во акција.
Како и секогаш кога ќе им се јави потреба луѓе блиски на СДС и ДУИ да бидат спасени од кривична одговорност, од нив делегираните во правосудството, се први на линијата да ги спасат.
Овој пат, Врховниот суд на Африм Фидани делегиран од Филипче и Ахмети ги спасува од одговорност и ги ослободува од вина директорите на тетовската болница каде што се случи трагедијата во модуларната, која однесе 14 животи.
Предметот за пожарот во тетовската модуларна болница е вратен од почеток на повторно судење. Ова е уште една срамна одлука на македонскиот правосуден систем со 2% доверба.
На првото судење, тогашните директори на болницата во Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми, добија казна од по само година и пол затвор, па потоа Апелациониот суд им ја зголеми на по три години, за сега Врховниот суд, предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, да ги ослободат.
Ова не е правдата која ја бараат и очекуваат семејствата на жртвите од пожарот во модуларната. Венко Филипче, во чие време на министерување со здравството се случи трагедијата, за толку време, не е ни викнат на разговор, а сега пак, и Артан Етеми и Флорим Бесими, брат на поранешниот министер за финансии од ДУИ, Фатмир Бесими?
Против Филипче не се води никаква постапка, предметот во предистрага против него, неговите инсталации го држат во фиока, а сега во слободата ќе му се придружат и Бесими и Етеми.
Најодговорните лица за катастрофалниот пожар во модуларната болница, изградена надвор од сите безбедносни стандарди и без минимални технички услови за работа на здравствен објект, сега слободно ќе шетаат благодарение на Врховниот суд предводен од Африм Фидани.
Граѓаните бараат и заслужуваат правда, на остатоците на СДС и ДУИ во правосудниот систем мора и ќе им дојде крајот.






