21.07.2026

СДС, Левица и ДУИ повторно застанаа против реформите и интересите на Македонија, покажаа колку полошо за државата толку подобро за нив

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се поддржат реформи во интерес на државата, тие избираат блокади и теснопартиски калкулации.

Неподдржувањето на новиот Изборен законик, претставува уште една пропуштена можност Македонија да исполни значајна реформска обврска и да го продолжи позитивниот реформски процес.

Додека Владата посветено работи на спроведување на реформите и на исполнување на обврските, кои се важни за развојот на државата, СДС, Левица и ДУИ повторно се одлучија за политичка конфронтација наместо за конструктивност и одговорност.

Со ваквиот потег, овие партии уште еднаш покажаа дека нивниот приоритет не е унапредување на изборниот процес, ниту интересот на граѓаните, туку создавање политички пречки и застој со цел да извлечат дневнополитички поени, а нивната вистинска политика колку полошо за Македонија, толку подобро за нив.

Ова не е првпат СДС, Левица и ДУИ да постапуваат на ваков начин, здружен начин, секогаш кога државниот интерес ќе се судри со нивниот личен и партиски интерес, тие го избираат партискиот интерес, без разлика на последиците за Македонија.

Но, и покрај нивните блокади и опструкции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да спроведе девет од десетте реформи, при што останаа само измените на Изборниот законик.

За ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси секогаш се пред партиските и Македонија не смее и нема да биде заложник на неодговорните политики на опозицијата, затоа останува цврсто посветена на спроведување на реформите, унапредување на институциите и обезбедување стабилност и развој.