09.06.2025

Петрушевски: Нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството

Прашање: Ваш коментар за обвинувањата на СДСМ за употребата на пиротехника од УМС?

Одговор: Најпрвин категорично да изјавам дека не е прекршен ниту еден закон.

Меѓутоа нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството

СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека согласно законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната се однесува за во затворени простории, а собирот на УМС беше на отворено. Уште повеќе СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во група на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.

СДС намерно го изоставува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителоноста на СДС сметавме дека го достигна врвот, очигледно не сме биле во право и СДС може да тоне уште повеќе.