Почитувани,
СДММ по стапките на нивните ментори, тонејќи во безидејност и немање политики за младите, се занимаваат со некрофилство.
Немањето на идеи, предлози, аргументирани критики, туку само ад хок напади врз власта, ги доведува на она место коешто се денес, а тоа е во длабока опозиција.
Иако, според Законот, членот 31 предвидува за забрана за употреба во затворени простории. Да е уште потрагично, пратениците или оние коишто им ги пишуваат пресовите, не ги читаат Законите до крај. Бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од третата категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продаваат на физички лица, коишто не треба да имаат дозвола за ракување и доаѓаат со упатство за употреба. Притоа, мора да потенцираме дека ги испочитувавме сите параметри и предвидени законски норми за одржувањето на настанот. Пред одржувањето на настанот, ги известивмеМВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, сите кои беа просутни за време на одржувањето на настанот.
СДММ наместо некрофилство и безидејност, треба да одговори, зошто вака не беа гласни за Модуларната болница, за Онкологија, за Дурмо турс, за Беса транс? Зошто не беа гласни кога нивните претседатели на партијата ветуваа многу проекти за млади, но ништо не остварија. Зошто не беа гласни кога се ветуваа студентски домови, нови факултети, нови вработувања за младите, нови стипендии, туку се тоа беше укинато. Зошто не прашаа каде се гугл, фејсбук и ветената стаза за Формула 1? Зошто не го прашаа Заев од каде му се парите за инвестиции за висококатници во Дубаи и акциите во индиска авиокомпанија? Зошто не го прашаа Филипче од каде му е златната виза за Дубаи?
Во времето на власт на СДС, видовме одбивност од нивната страна за граѓаните. Од друга страна, сега имаме конкретни мерки за младите. Реконструкција на студентски домови, нови факултети и реконструкција на постоечките, нови училишта и реконструкција на голем дел напостоечките училишта и капацитети за учениците, поддршка на младите земјоделци, поддршка на старт ап бизнисите, поддршка за младите при купувањето на свој нов дом исто така нов оперативен план за вработување на младите, сите се проекти кои СДС не успеа да ги оствари за време на нивното владеење.
СДС и СДММ да не се срамат во јавноста, пред да кажат нешто два пати да размислат.