31.05.2026

Дали Деаноски го претвора УПОЗ во клуб за лица блиски до СДС?

Се поочигледно е политичкото влијание на СДС во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски.

За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра.

Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДС. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле резервирани за однапред избрани луѓе.

Дали ваквите скапи патувања се приоритет на раководството на ССМ?

Раководството на ССМ се оддалечува од реалните проблеми на работниците и се претвора во групација која функционира по политички и партиски линии.

Синдикатите треба да ги застапуваат интересите на сите работници, а не да бидат место каде привилегиите и бенефитите зависат од политичка блискост.

ССМ постојано губи членови, а членовите на претседателството ќе го претворат ССМ во политичка каста блиска до СДС.