31.05.2026

Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Почитувани,

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот.

Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија.

Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС.

И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека на спортските игри  предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДС?

Наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов, се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот.

Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат и да се трудат да го полнат џебот на работниците, а не да живеат на сметка на истите.