24.05.2026

(ВИДЕО) Денешната прес-конференција на СДС не врати во едно мрачно минато полно со лаги напишани од Заев

Матрицата во СДС не се менува, тоа и денес се гледа.

Порано беше Заев, па Ковачевски – сега Филипче. Се е исто, само човекот е различен.

Кога Заев го држеше рачето на гради знаевме дека лаже, впрочем една од најпознатите лаги беше – “додека дишам, и додека ме држи памет, името нема да се промени”.

Денес, години подоцна СДС повторно го “дише” истиот воздух. На видеото кое го испраќаме, јасно се гледа дека СДС повторно најавуваат национално предавство доколку дојдат на власт.