25.05.2026

(ВИДЕО) Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ.

Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.

На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев.

Филипче да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се надзира?

Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија.

https://www.instagram.com/reel/DYtdthqMnkh/?igsh=Zmgwd2c0Y3QybDc2