31.05.2025

Филипче и СДС наместо да водат некрофилска политика за Кочани, да понесат одговорност за модуларната и провизиите кои чинат животи

Иако не ја оправдуваме, ја разбираме безидејноста на СДС и нивниот лидер Филипче да се оттргне вниманието од одговорноста во случајот со модуларната болница преку злоупотреба на трагедијата во Кочани.

Таму е жив фатен и факт е дека Филипче е човекот кој треба да лежи затвор што 14 луѓе живи изгореа во случајот модуларна болница. Таму основата на се е што за Филипче провизиите беа најважни и тие чинеа животи.

Затоа денес им треба дефокус со случајот Кочани, каде некрофилијата на СДС ги достигнува врвовите на нечовечноста и политичкото безобразие.

За тоа кој треба да одговара во Кочани одговорно е обвинителството, и нема баш никакво право за тоа да говори Филипче или СДС кои се директно одговорни за модуларната болница, но и 10 илјади загубени животи во Ковид кризата.

Но она на што треба да одговори денес СДС е зошто Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност?

Спорна е техничката спецификација, која ја прави одговорното лице назначено од Венко Филипче, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност, и не се почитувале минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

Исто така многу важно за овој случај, е што овие болници се набавени и поставени како стоки, а стоки во ниту еден случај не можат да бидат користени како објект во кој се обавува здравствена дејност!

Пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.

За овие работи, има евиденција во проектната единица во МЗ и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023. Зошто до сега не е реагирано?

Венко Филипче треба да одговори на сите овие констатации. Факт е дека Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавства.