31.05.2025

Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, која е синoним за неспособност и криминал

Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС.

Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази. Се расфрлаат со бројки и воопштени квалификации со цел да внесат сомнеж иако за своите тврдења немаат никакви докази.

Распишувањето на тендери не е криминал, но провизиите од тендери за вакцини против корона какви набавуваше Венко Филипче е криминал.

Веројатно се работи за потсвест и меморија уште кога СДС беше власт па во секој тендер гледа криминал, но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во согласност со законите и процедурите, штитејќи го интересот на граѓаните.

Вистината е дека тендерите за кои збори СДС генерално се истите и со истата тематика како и во времето на нивната влада. Разликата е тоа што тогаш исклучиво сите тендери ги добиваше омилената агенција Рејтинг на Спасов, агенцијата која и сега го работи ПР на СДС, а денес има конкуренција и цените паѓаат. Да потсетиме дека СДС беше партијата која потроши милиони евра за измислен настан во Борис Трајковски.

Главното прашање денес не е зошто се распишуваат тендери, туку што има незаконско во нив?

Одговорот е дека се е законски.

Овие прес-конференции на СДС се обид за ширење на хистерија за оттргнување на фактот што тие се безидејни и синоним за криминал, неспособност и предавства.