11.07.2026

Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС.

Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински.

СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ.

Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира.

Ако Венко сега бара експертска група за Изборен законик зошто преговараше за истиот 4 месеци во Собранието. Како сега се сети дека му требаат експерти.

Филипче е контрадикторен, од една страна вели треба во ЕУ час поскоро, а го кочи новиот Изборен законик кој е директива од ЕУ.

Филипче нема ниту визија, ниту план за сопствената партија а уште помалку за државата, доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче.