11.07.2026

Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Почитувани,

Единственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик.

Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори.

Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори.

Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат 3 циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори.

Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да и наштетат на државата со ваквиот однос.

За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во РА, односно во носење на реформите, а тоа што не се носи ИЗ е само вина на СДС, Левица и ДУИ.