СДС мисли дека Гостиварчани ќе заборават на коалицијата со Таравари и ДУИ.
СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, затоа што функционери поддржани од нив денес се сомничат дека ја загадија водата во градот и околината, со што илјадници граѓани завршија во болниците.
Исто така, Филипче и СДС немаат кредибилитет да говорат за здравствени политики од неколку причини:
– КОВИД криза министер за здравство Филипче, трета земја во светот по процент на смртност;
– КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка;
– КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо заштита на животот и здравјето на граѓаните, му се запали модуларна болница во Тетово и живи изгореа 14 сограѓани, поради анекс од 20%;
– Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо;
– Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој делеше тендери на свои блиски, чуваше апарати во подруми и се исмеваше на маката на граѓаните со смешни видеа од папагали.
СДС и Филипче да размислат пред да зборат за здравјето на граѓаните, поради нив изгубивме илјадници граѓани.








