19.07.2026

Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција

Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.

Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција.

По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.

Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата.

Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат.