29.09.2025

Силеџии кандидати за советници кои крвнички тепаат по улици во понудата на СДС во Струмица, поразот им е сигурен, на струмичани им треба вистинскиот избор со твојот човек

Поразот на СДС во Струмица е сè поизвесен и посигурен. Сигурниот пораз ја извади на површина целата паника на СДС и губењето контрола на нивните локални шерифи.

Листата за советници во Струмица е полна со силеџии кои крвнички тепаат граѓани по улици, станаа брендингот и понудата на СДС на овие избори.

Не само што немаат друга понуда освен насилство, туку СДС се и во тотална паника од поразот во општина Струмица кој им следи на изборите на 19 октомври.

СДС се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и дека се ближи крајот на нивното владеење, па затоа во Струмица шират страв и паника меѓу жителите.

Во недостиг на квалитетни и чесни кадри, СДС нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии.

Пред само недела дена, цела македонска јавност го виде видеото на кое кандидати за советници на СДС за Советот во Струмица, крвнички тепаат турист од странство.

Ова повеќе не смее да биде сликата за Струмица и за вакви насилници не смее да има место во Струмица, посебно не во општинската администрација.

Доста им е на струмичани од локалните шерифи и тепачи на СДС, граѓаните сакаат вистински промени!

На Струмица и треба Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!