29.09.2025

Нема независно судство со членовите под команда на СДС и ДУИ кои Филипче го спасија од одговорност за пожарот во модуларната во Тетово

Долгогодишните коалициски партнери СДС и ДУИ, додека заедно владееја судовите ги наполнија со свои луѓе од доверба.

И овие луѓе избрани во штабовите во Струмица и Зајас во судството го спасија Венко Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница.

Филипче како министер за здравство ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово и тој е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

Затоа што правеше анекси на договори за да ќари 20% повеќе пари, живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово, а за тоа не беше повикан ни на разговор во обвинителството.

Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки, всушност како во секоја држава со независни судско обвинителски органи.

Но, сепак, ние сме во Македонија, каде што судиите со 2% доверба од граѓаните мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го спасат од одговорност Филипче.

За да не лежи и кривично одговара Венко Филипче, лежат странични ликови во здравството, како тогашните директори на болницата Етеми и Бесими. Но, и тие, исто така, не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат и го издадат нивниот шеф, па добија по само година и пол затвор.

Судиите и обвинителите заробени во канџите на Заев и Ахмети, за пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче станаа неми, слепи и глуви.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сè уште работат по насока на СДС и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

Со овие судии и обвинители не може да се очекува независно судство и обвинителство.

Потребни се итни реформи за конечно во државата да дојде вистинска правда и одговорност.

Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!