За кандидирање за членови на Републички Комисии на УМС на ВМРО – ДПМНЕ
Врз основа на член 80 став 6 од Деловникот за организациона посветеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, се објавува јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа за:
- Комисија за здравство и социјална политика
- Комисија за образование и наука
- Комисија за економија
- Комисија за односи со јавност и дигитална трансформација
- Комисија за правни работи, јавни политики и локална самоуправа
- Комисија за животна средина и одржлив развој
- Комисија за земјоделие
Кандидатите за членови на Комисиите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават биографија (CV) и мотивационо писмо.
Кандидатурите се доставуваат електронски најдоцна до 05.11.2026 година на: [email protected].
Кандидатите треба да поседуваат соодветно знаење, искуство и квалитети во областа за која аплицираат. По разгледувањето на кандидатурите, избраните кандидати ќе бидат дополнително контактирани за разговор.
По разгледувањето на кандидатурите секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од ВМРО-ДПМНЕ со кого ќе биде извршен разговор за неговата кандидатура. Се очекува кандидатите кои ќе бидат избрани да бидат лојални на ВМРО-ДПМНЕ, активно да учествуваат во работата на партијата и да дадат придонес во градењето на Република Македонија како модерна, економски развиена и демократска држава.
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да не изврши избор, секој кандидат има право да ја повлече својата документација, односно неговото соодветно барање.
Објавата и апликацијата се достапни на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ www.vmro-dpmne.org.mk
Со почит,
ВМРО-ДПМНЕ







