03.12.2022

Тозиевски: Голем консултативен состанок со граѓаните на Ресен за носење на буџет за 2023 година 

Во големата сала на Општина Ресен денеска се  одржа првиот консултативен состанок за креирањето на буџетот на општината, заедно со граѓаните, месните заедници, стопанственици, невладини организации и здруженија.
Конструктивен состанок од кој произлегоа доста конструктивни предлози, состанок кој првично се покажа како доста добар пример за соработка и комуникација помеѓу Општината и нејзините граѓани, како и за имплементирање на нивните идеи и предлози во креирањето на буџетот на општината.
Во периодот кој што следи ќе се организираат уште средби од ваков карактер за кој што датум и време дополнително граѓаните ќе бидат известени.
Сите предлози и идеи за оние кои не беа во можност да присуствуваат може да ги испратат на следниве e mail адреси budzet.mk


https://www.facebook.com/Gradonacalnik.Resen/posts/460626816245289?__tn__=-R