03.12.2022

Георгиевски: Голем број граѓани се одзваа на нашиот повик за учество во креирање на буџетот – Ви благодарам, дадовте насока во која ќе се движи општината


олем број на жители на Општина Илинден се одзваа на нашиот повик за нивно учество во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година. Со Вашите идеи и предлози за новиот Буџет дадовте вистински придонес во развојот и насоката во која ќе се движи Илинден во наредната година.
Како и досега, Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење.

Ве поканувам да дојдете и утре во општинските простории од 11 до 14 часот и во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“ да ни ги пренесете Вашите идеи и предлози.
#отворенденвотвојатаопштина#бидиделодпроменитештоносатиднина


https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0AfCU18KhUUFFd7aAHSFHEneUBKsAYz59dHzpEjVeZXkA9G3uwSfoPFnz4svXHHQQl&id=100063857081671