12.07.2025

Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и повредените и нивната финансиска помош и состојба е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто

Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и повредените и нивната финансиска помош и состојба е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто. 

Човекот кој заради криминал ја презема модуларната и наместо друго министерство тој распиша тендер кој го доби Кочо Анѓушев потпретседателот на таа влада, за потоа да изгорат живи луѓе пациенти во таа болница, сега се дрзнува да соли памет и да глуми лажен душегрижник на сметка на трагедијата која е незапаметена и не потресе фундаментално сите како граѓани на државата. 

Ние имаме предлог до Филипче, нека даде 10 посто од парите кои тој, Зоран Заев, Вице Заев, Спасовски, Зечевиќ, Ковачевски, Груби, Ахмети, Бектеши, Пуцко, и другите знајни и незнајни јунаци на легендарната генерација на лопови од СДС и ДУИ и не само Кочани туку и цела Македонија ќе живее среќно и сите потреби на граѓаните ќе бидат задоволени.

Не е за џабе што таа генерација на власт ја споредуваат со легендарната кошаркарска на Чикаго Булс на Џордан, Пипен, Родман и другите. Тоа што тие успеаа како кошаркари да го направат толку титули и освоени првенства во НБА, така и овие успеаја да соберат сѐ живо од државата и оправдано ја добија титулата легендарна најлоповска генерација во историјата на државата.