12.07.2025

Историски успех за УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески избран за потпретседател на младинската организација на ЕПП

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ

Тодор Конески е избран за Потпретседател на YEPP младинската организација на најголемото политичко семејство во Европа, Европската народна партија.

Изборот на Тодор Конески, меѓународниот секретар на УМС е колективна победа за целата Унија на млади сили и за младите во Република Македонија! Тоа е доказ дека нашата работа, посветеност и глас се препознаени и почитувани на европската политичка сцена.

YEPP е најголемата и највлијателна младинска политичка организација во Европа, која обединува над 1.6 милиони млади од повеќе од 60 сестрински организации.

Овој избор е јасен показател за влијанието и кредибилитетот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународната политика.

https://www.facebook.com/share/p/16YKT6DQhT